Рускиот бизнисмен Александар Бузаков, кој беше шеф на познатото бродоградилиште „Адмиралит“, беше пронајден мртов на 66-годишна возраст.
Многумина се сомневаат дека станува збор за уште една мистериозна смрт на руски функционери и истакнати личности, бидејќи се уште не се разјаснети околностите под кои тој починал.
Веста за неговата смрт ја потврдија и од компанијата со која тој раководеше.
Да потсетиме дека Бузаков 11 години беше првиот човек на бродоградилиштата што произведуваа подморници.
Под раководство на Бузаков биле изградени и подморници способни да лансираат ракети од поголем калибар, јавува руската „Радио Слобода“.
Според руската војска, такви биле користени и во војната во Украина.