792
Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави денеска дека балтичката земја никогаш повеќе нема да купува руски енергетски производи.
На меѓународниот форум за прашања за енергетската безбедност, што се одржува во Вилнус, тој нагласи дека Литванија никогаш повеќе нема да увезува гас, нафта и електрична енергија од Русија, што веќе го прекина во 2022 година, пренесе ТАСС.
„Тоа ни теоретски не можеме да го замислиме“, рече тој.
Тој, исто така, потсети како во Европа има приказни дека Западот не може да опстане без руските енергетски ресурси.
„Помина уште една зима и ние сме живи и здрави“, истакна Науседа и додаде дека енергетската безбедност на Европа треба да се заснова на зелена енергија.