Уставен укина забрана за чување куче во зграда

од desk3

Уставниот суд постапувајќи по иницијатива на Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, го укина членот 176 од Одлуката за комунален ред на Општина Штип, во врска со оспорената одредба со која им се ограничуваат правата на станарите на зграда да чуваат кучиња.

kucence

Во оспорениот член 176 став 1 од Одлуката е определено дека на подрачјето на Општина Штип во круг на едно домаќинство може да се чуваат до две кучиња, под услов да бидат регистрирани во надлежна ветеринарна институција и да бидат редовно вакцинирани.

Според Одлуката, сопственикот на кучињата „е должен сместувањето и чувањето на кучињата да го уреди на начин што нема да пречи на мирот и спокојството на соседите“. За таа цел во Одлуката е определено, како што се наведува, дека не е дозволено чување кучиња „со ќуд на постојано лаење и завивање“.

Слични содржини