Украинските пратеници денеска во прво читање го усвоија предлог-законот со кој на затворениците ќе им се овозможи влез во армијата.
Но оние кои се осудени за злосторства против човештвото, сексуално насилство, убиства или злосторства против националната безбедност нема да смеат да служат на војската, објави пратеникот Олексеј Хончаренко на Телеграм.
Собранието во прво читање донесе и предлог-закон со кој се предвидуваат големи казни за граѓаните кои не ги почитуваат правилата за мобилизација.
Не се знае колку луѓе ќе бидат квалификувани за војска на овој начин кога законот ќе стапи на сила. Украинскиот парламент почна да го разгледува конечното читање на сложениот нацрт-закон кој би го променил процесот на мобилизација по неколкумесечни критики и дебата, а гласањето се очекува во четврток.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела потпиша нацрт-закон со кој се предвидува намалување на старосната граница за воена мобилизација од 27 на 25 години.
Украинската армија претрпе загуби, чии размери се чуваат во тајност, а денес, за разлика од почетокот на конфликтот, се бори да најде доброволци за фронтот.