Утре без струја делови од две општини во Скопје

од Milan1
2,6K прегледи

Без електрична енергија утре ќе останат делови од скопските општини Карпош и Центар, соопштија попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Како што појаснуваат, добиено е известување од ЕВН, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре од девет до 11 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу „Стоп ен гоу“ (Stop & Go) во Момин Поток, општина Карпош.

Додека во општина Центар, од 8 до 14.30 часот, без струја ќе останат делови од булевар Партизански одреди, од раскрсница со улицата Ленинова кон раскрсница со булеварот Климент Охридски, дел од улиците Наум Наумовски Борче и Пиринска.

Слични содржини