Утре колективен погреб за настраданите во поплавите на подрачјето на Јабланица

од Milan1
34 прегледи

Утре во 14 часот ќе се изврши колективен погреб на настраданите од поплавите во месноста Доња Јабланица, потврдија од Исламската заедница (МИЗ) од Јабланица, за порталот „Кликс“.

Церемонијата ќе ја предводи реисул-улемата на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, Хусеин Кавазовиќ, а погребите ќе се извршат на гробиштата во Доња Јабланица, Џевор и Злат, објави порталот „Кликс“.

Бројот на загинатите во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина се искачи на 25.

Четворица загинати во Коњиќ, тројца во Фојница, а убедливо најмногу – 18 во Долна Јабланица. Ова не е конечната бројка на загинати бидејќи се уште е активна потрагата по две исчезнати лица, еден од Коњиќ, еден од Јабланица.

Колективниот погреб за настраданите од поплавите на подрачјето на Долна Јабланица ќе се одржи во вторник на 15 октомври во 14 часот, пренесуваат босанските медиуми.

Слични содржини