Утре во и пред сите затвори во Македонија на 5 мај ќе се протестира во знак на револт поради тоа што претседателот Ѓорге Иванов уште нема донесено одлука во врска со барањето на илјадници затвореници да бидат помилувани, исто како што постапи и со политичарите. На затворениците ќе им се приклучат и нивните роднини и невладини организации кои ќе протестираат надвор од затворите, пренесуваат повеќе извори.

zatvor-idrizovo-vp-9

Според адвокатот Давидовиќ, затворениците се револтирани поради двојните стандарди, бидејќи претседателот на прифатил да направи колективно помилување на затворениците и не ги разгледал барањата на илјадници затвореници, а масовно помилувал политичари.

„Од вкупно 3.152 затвореници од земјава, над 2.200 осудени лица ја потпишаа петицијата упатена до Иванов. Тие не бараат да бидат ослободени, пуштени на улица, туку за 30 отсто да им се намали казната. За нив беше побарано да поднесам полномоштво и секој од нив поединечно да поднесе барање. Истовремено, претседателот ја помилува половина политичка елита и нивни соработници без постоечки закон, без да имаат полномоштво. Тоа се двојни аршини и селективна правда“, истакна и синоќа на протестите пред кривичниот суд ,  адвокатот Звонко Давидовиќ.давиди

 

Затворениците од затворот во Идризово испратија соопштение  до повеќе медиуми во кое се наведува дека  бара поддршка за нивниот протест, за како што велат, против пристрасната одлука. Затворениците бараат нивните казни да бидат смалени за 30%, додека оние кои се на доживотен затвор да добијат 15 години. Досега барање за помилување до претседателот Иванов имаат доставено 2.210 затвореници од сите затвори во Македонија.

Слични содржини