Утре во Скопје ќе се прска против комарци

од Milan1

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Градот Скопје, ќе се реализира на 18.05.2024 година (сабота), во раните утрински часови.

Ако временските услови се неповолни за реализирање на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин, првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Слични содржини