Утре започнува Демократската национална конвенција, Камала Харис официјално станува кандидат

од Milan1
33 прегледи

Утре во Чикаго започнува Демократската национална конвенција на која треба да биде официјализирана номинацијата на Камала Харис за претседателски кандидат на Демократската партија на ноемвриските избори во Соединетите Американски Држави.

Четиридневниот митинг се очекува да привлече илјадници луѓе да го покажат својот ентузијазам за кандидатурата на Харис, кој стана кандидат по повлекувањето на претседателот Џо Бајден.

И додека на конвенцијата се очекува весела атмосфера,  пред „Обединетиот центар“ во Чикаго се очекуваат протести поради незадоволството од политиката на демократската администрација кон Израел, кој води војна во Газа.

Главниот дел од програмата ќе се емитува во живо на сите поголеми телевизиски станици, а ќе се емитува и на платформите „Hulu“, „Paramount Plus“, „Peacock“ и „Max“, на „YouTube“ и X каналите на Демократскиот национален комитет и други веб-страници.

Бајден ќе ја отвори конвенцијата со говор кој воедно ќе биде збогум на политичарот кој пред само неколку недели беше кандидат за претседател на Демократската партија.

Во својот говор, Бајден ќе инсистира дека  ќе претставува закана за демократијата во САД доколку поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп се врати во Белата куќа, изјавија соработниците на Бајден, пренесе „АП“.

Тие рекоа дека говорниците на конвенцијата се очекува да се осврнат на достигнувањата на Бајден за време на неговото претседателствување, вклучително и мерките спроведени за време на пандемијата на корона, на големите инвестиции во инфраструктурата и реформите во здравствената заштита.

 

Слични содржини