Назиф Омичевиќ (58) од Вукосавље е убиен пред неколку сведоци во Јакеш кај Модрич во БиХ, а првите резултати од истрагата покажуваат дека убиецот го избодел 13 пати.
Под сомнение дека го извршил убиството е уапсен Мурсал Машиќ (48) од околината на Вукосавља. Како што дознава АТВ, тој бил под дејство на алкохол, како и добар број сведоци, поради што дури денеска ќе бидат сослушани за сите околности на делото. На местото на убиството, истражителите пронашле нож со кој најверојатно е извршено кривичното дело, кој е испратен на вештачење.
Убиството се случи синоќа на Тракторијадата одржана во Јакеш кај Модрич.
Неофицијалните информации говорат дека Машиќ и Омичевиќ во минатото имале несогласувања и дека не биле во добри односи.
Мештаните велат дека убиениот Омичевиќ се занимавал со приватен бизнис, а живеел и работел во Германија. Машиќ одреден период работел кај него како молер, а од тој период наводно имаат нерасчистени сметки. Се уште се утврдуваат мотивите, а се споменува и наводна прељуба на сопругата, но и финансиски долг.
„Омичевиќ отпатува од Германија и дојде на „Тракторијадата“ во Јакеш. Штом го видел под шаторот, Машиќ го нападнал. Тој се нафрли кон него и го избоде неколку пати“, велат мештаните.
ПУ Добој претходно соопшти дека М.М. уапсен под сомнение дека го убил О.Н. на јавен состанок.