Ужас во Германија: Напаѓач во воз со нож уби три лица

од Берта Китинска
639 прегледи

Неколку лица се повредени денеска во напад со нож во воз во областа на Баварија во Германија, а осомничен за нападот е уапсен, соопшти локалната полиција, додавајќи дека причината за нападот се уште не е позната.

Возот „Интерсити експрес” (ICE) сообраќал на линијата меѓу Регенсбург и Нирнберг, соопшти денеска германската полиција.

„Според првите информации, неколку лица се повредени“, соопшти локалната полиција, додавајќи дека повеќе нема опасност.

Германските медиуми јавија дека три лица се повредени, од кои две потешко, но дека не се во животна опасност.

Билд објави дека е уапсен 27-годишен маж со арапско потекло и дека не е исклучена можноста да има психијатриски проблеми.