Вака изгледа најлуксузното сместување кое можете да го најдете на брод за крстарење

од Radmila Tasevska
351 прегледи

Еден детал привлекува најголемо внимание.

Ерик Коновер е познат агент за недвижности и патувачки блогер од Њујорк кој го следат над половина милион луѓе на Инстаграм. Меѓу неговите интересни објави неодамна се издвои една, како што вели, турнеја со најлуксузното сместување што можете да го доживеете на море.

Станува збор за посебен апартман на крстаречкиот брод Sun Princess, простор кој навистина ветува уникатна атмосфера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erik Conover (@erikconover)

Како што можете да видите во видеото на Ерик, овој луксузен апартман има дневна соба, пространа спална соба и балкон со божествен поглед.

Има и гардероба со бањарка и папучи, биро, а посебен плус е бањата која има и када и туш-кабина, што е прилично ретко за бродови за крстарење.

На крајот, не е изненадување што Ерик беше воодушевен од неговото 12-дневно крстарење од Ванкувер до Алјаска.

Примамливо, нели.

Слични содржини