Вакцината „Спутник V“ споредена со Калашников

од Stefanija Kuzmanovska

Руските препарати против коронавирусот се најбезбедни денес, тие се едноставни и сигурни, а во странство се споредуваат со автоматската пушка Калашников, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека решиле да ја поддржат американската вакцина „Модерна“ на светскиот пазар, но дека ќе се знае дури за 10 години колку биле корисни странските препарати.

Според него, сите руски препарати се познати, тие се базираат на технологии и платформи кои се користат со децении. Тие се исто така многу модерни и денес се, без сомнение, најсигурни и најбезбедни.

„Што би рекол еден од европските експерти: тие се исто толку сигурни како автоматските пушки Калашников. Ние не го кажавме тоа, туку еден од европските експерти и мислам дека е во право. Едноставни и сигурни како Калашников“, рече тој на состанокот со вицепремиерот на руската влада, Татјана Голикова, за ситуацијата во врска со пандемијата на коронавирус.

Путин додаде дека денес Русија е единствената земја што е подготвена да ја пренесе технологијата на производство на вакцини во други земји и тоа го прави.

Слични содржини