Вал Килмер ја опиша кратката врска со Анџелина Џоли пред нејзината врска со Бред Пит.
Познатиот 60-годишен актер зборуваше за своите поранешни врски во новите мемоари наречени I’m Your Huckleberry. Тој вели дека започнал да се дружи со Анџелина на сетот на Александар Велики, но започнала кратка романса некое време откако филмот излезе во 2004 година.
Во еден трогателен пасус, актерот опиша како Анџелина го спасила, пренесе „The Mirror“.
„Од ледениот пекол на осаменост бев спасен од друг ангел. Можеби најдуховна и најсериозна од сите. Анџелина“, напиша тој. „Кога луѓето ме прашуваат каква е Анџелина, јас секогаш им велам дека таа е како другите жени и суперѕвездите, но повеќе од тоа. Прекрасна. Помудра. Потрагична. Поприземна. Вреди ли? Дали вреди да се знаат луѓе кои бараат недели напор за само малку да ги разбереме? Да“.
Набргу после тоа, Анџелина започна со снимањето на г-дин и г-ѓа Смит со Бред Пит, а на почетокот на 2005 година Бред Пит и Џенифер Анистон објавија дека веќе не се заедно.
Бред и Анџелина наскоро ја потврдија својата врска, која ја крунисаа во брак во 2014 година, но се разведоа две години подоцна.
Во своите мемоари, Вал Килмер ги опиша и неговите други љубовни врски, со Шер, Карли Симон и Синди Крафорд. Тој исто така призна дека неговата неуспешна романса со актерката Дарил Хана „му го скршила срцето на најситни парчиња“.