Ванда Нара со провокативна ФОТОграфија му порача на Икарди дека е готово

од Vladimir Zorba

Најпознатата фудбалска брачна двојка очигледно стави крај на љубовната авантура.

Иако нивниот брак, кој го склучија во 2014 година, досега помина низ неколку афери, бродоломи и тешки ситуации, се чини дека конечно е завршено меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара.

Имено, по трансферот на аргентинскиот напаѓач во Галатасарај, тие повторно се обидоа да најдат хемија и брачна хармонија, но не требаше многу време пред Ванда, која беше и агент на нејзиниот сопруг, да го напушти Истанбул.

Во изминативе недели тие двајца продолжија да си испраќаат индиректни пораки преку социјалните мрежи, а особено таму беше активна Ванда, чии фотографии на Инстаграм, очигледно насочени, стануваа се попровокативни.

Но, очигледно таа отиде најдалеку досега, а веројатно со тоа ја завршил епизодата од сагата. Заедно со фотографијата споделена под овој пасус, таа напиша „играта заврши“.

Икарди до сега очигледно не беше премногу погоден од слични најави, а со заминувањето од ПСЖ во Галатасарај се врати на своите најдобри денови. На шест настапи во турската лига постигна четири гола и забележа три асистенции.

За жал, тој заработи повреда во ноември, од која се уште се опоравува, но во следните неколку дена треба да се приклучи на целосниот тренинг на турскиот гигант.

Слични содржини