Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска изјави дека Кина „ќе игра до крај“ доколку Соединетите Држави продолжат со акциите насочени кон потиснување на земјата.
Ванг Ји, говорејќи на Минхенската безбедносна конференција, рече дека Кина решително одговорила на едностраните „присилни“ практики, но се надева дека САД би можеле да соработуваат со Кина во иста насока, објави „Ројтерс“.
На 10 февруари, американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за увоз на челик и алуминиум во САД без никакви исклучоци, што исто така влијаеше на Кина, тој претходно воведе царини од 10 отсто за кинески стоки, барајќи земјата да престане да шверцува опиоид фентанил во САД.
Кина започна спор со Светската трговска организација поради воведувањето царини од 10 отсто во февруари, пренесува Танјуг.