Кинеско-руските односи издржаа нови тестови предизвикани од промените во меѓународната ситуација од почетокот на оваа година и покажаа солиден тренд на развој, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на средбата со рускиот колега Сергеј Лавров.
„Желбата на двете страни да развијат билатерални односи стана уште посилна, како и довербата за подобрување на соработката во различни правци”, рече Ванг во кинескиот град Туенси, во источна Кина, а пренесува руската агенција ТАСС.
На нивната Ванг-Лавров е договорено дополнително да се зголеми координацијата во областа на надворешната политика, да се подобри соработката на билатералниот пат, како и во различни мултилатерални формати.
Лавров, како што информира руското МНР по средбата, го информирал својот кинески колега и за Украина и динамиката на преговарачкиот процес со Киев. а