Вархеји и Кришто претседаваат со третиот Политички форум за Босна и Херцеговина

од Илинка Илиоска
449 прегледи

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска престојува во Сараево, каде заедно со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто копретседава со третиот Политички форум на високо ниво ЕУ-БиХ.

На Форумот ќе присуствуваат замениците претседатели на Советот на министри, членовите на Заедничкиот колегиум и шефовите на пратеничките групи на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, премиерите на Федерацијата БиХ и на Република Српска, како премиерите на десетте кантони на Федерацијата и градоначалникот на Дистриктот Брчко.

Како што соопшти Еврокомисијата на Форумот ќе се разговара за реформските напори на Босна и Херцеговина за решавање на сите релевантни чекори на европскиот пат во контекст на одлуката на Европскиот совет да ги отвори преговорите за членство на БиХ во ЕУ.

– Во својата препорака од октомври 2022 година за кандидатски статус на Босна и Херцеговина, Комисијата ја потврди својата непоколеблива посветеност да ги поддржи напорите на БиХ на нејзиниот европски пат.

Оваа заложба вклучува понатамошно ангажирање во политичкиот дијалог и формирање на политички форум на високо ниво за следење на спроведувањето на чекорите наведени во препораката и извештај за понатамошниот напредок, се додава во соопштението.

Слични содржини