„Вашингтон пост“: Бајден знаел дека Израел неселективно го бомбардира Појасот Газа

Сепак, поради зголеменото незадоволство кај гласачите, Бајден оттогаш стана малку покритичен кон Нетанјаху

од Бети Божиноска
264 прегледи

Белата куќа уште од октомври е свесна за фактот дека Израел редовно бомбардира цивилни цели во Газа, но американскиот претседател Џо Бајден продолжи јавно да ги брани акциите на израелската армија, пишува „Вашингтон пост“.

Така, три недели по повторната ескалација на палестинско-израелскиот конфликт, на 27 октомври, претставниците на Бајден задолжени за надворешна политика, на состанокот во мал формат во Белата куќа, изјавија дека „Израел редовно бомбардира цивилни објекти, без доверливи информации дека се легитимни воени цели“, пишува американскиот весник, повикувајќи се на три извори запознати со темата на состанокот.

Официјалните лица, исто така, изразија загриженост дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема јасен план за тоа како да ги порази палестинските милитантни групи, а еден од изворте на „Вашингтон пост“ вели дека „од почетокот имаше чувство дека не знаевме како Израелците ќе го направат што ветиија дека ќе го направат“.

Во исто време, САД побрзаа да испратат воена помош за Израел, а две недели пред споменатата средба, Бајден ја посети еврејската држава и јавно изјави дека „се додека постојат САД, Израел нема да биде сам“.

Истиот ден, кога се одржа состанокот, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, објави дека „САД нема да постават никакви црвени линии за тоа како Израел треба да ја спроведе воената кампања“.

Реториката на Бајден и неговите функционери не се промени ниту по средбата, па американскиот претседател не го критикуваше Тел Авив за бомбардирањето на бегалскиот камп во неколку наврати во текот на ноември, а американската администрација јавно ја поддржа одлуката на израелските власти да го бомбардираат најголемата болница во Газа на крајот на истиот месец. Самиот Џон Кирби изјави дека Хамас има „таен команден центар“ под тој објект.

Меѓутоа, зад кулисите, американските власти биле загрижени дека таквите изјави би можеле да послужат како „зелено светло“ за Израелците да ја нападнат болницата, посочува „Вашингтон пост“.

Сепак, поради зголеменото незадоволство кај гласачите, Бајден оттогаш стана малку покритичен кон Нетанјаху, а во јануари тврдеше дека „тајно преговара со израелската влада за да ја убеди да го намали (военото присуство) и во голема мера да се повлече од Газа“.

Иако овие разговори не дадоа речиси никакви резултати, американските власти јавно не го критикуваа Израел и немаше видливи последици.

„При секое несогласување, Нетанјаху му покажуваше (среден) прст на Бајден“, смета Крис ван Холен, сенатор од Демократската партија, кој оценува дека „администрацијата на Бајден постојано ја моли коалицијата на Нетанјаху, но секојпат добива шлаканица в лице“.

Последната ваква „шлаканица“ дојде во петокот, кога Нетанјаху изјави дека ги одобрил плановите за напад на Рафа во јужниот дел на Газа, кој во моментов е дом на повеќе од милион Палестинци раселени од другите делови на Појасот Газа.

Бајден на почетокот на март изјави дека операцијата на израелските сили во овој дел на Газа ќе биде преминување на „црвените линии“.  Сепак, американскиот претседател набрзо ги повлече своите зборови и рече дека Нетанјаху „има право да го брани Израел“, но дека мора „да внимава на страдањата на невините луѓе“.

Слични содржини