Ватикан: Не ја признаваме независноста на Косово

од Milan1
69 прегледи

Папата Лав XIV го назначи Луиџи Бјанко за нов апостолски нунциј во Словенија, кој, како и неговите двајца претходници на таа функција, ќе биде и делегат во  Косово, соопшти Ватикан, потсетувајќи дека Светата столица не ја признава независноста.

Во соопштението, потсетувајќи дека Светата столица не ја признава независноста на Косово, се наведува и дека Ватикан во минатото се залагал за дијалог и умереност.

Сепак, се истакнува дека во последно време имало повторени случаи на насилство, особено во северно Косово, кое е претежно населено со Срби, и се истакнува дека УНЕСКО смета дека христијанското православно културно наследство на Косово е под закана, пренесува Танјуг.

Се додава дека од околу еден и пол милион жители во АП на Косово и Метохија, околу 250.000 припаѓаат на Католичката црква, а тоа се главно етнички Албанци. Бјанко ќе го наследи Французинот Жан-Мари Спаих како нунциј во Словенија и пратеник во Косово.

Слични содржини