141
Велика Британија денеска воведе санкции за шест лица кои имаа раководни позиции во арктичката казнена колонија каде што минатата недела почина рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
„Меѓу санкционираните е и шефот на казнената колонија, како и петмина негови заменици. Ним им е забранет влезот во Велика Британија, а нивните средства се замрзнати“, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.
„Јасно е дека руските власти го сметаа Навални за закана и постојано се обидуваа да го замолчат“, рече Камерон. Оние кои се виновни за суровиот однос кон Навални не треба да се залажуваат – ние ќе ги повикаме на одговорност“, рече Камерон.