Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, обвинети за организирање криминална група, денеска беа на распит во Обвинителството за организиран криминал поради сомнение дека учествувале во убиството на Горан Михајловиќ и Никола Митиќ на 1 април 2019 година.
Покрај нив, на распит беа и Владе Драганиќ и Милош Будимир, кои сите негираа дека ги извршиле овие тешки убиства, изјави за новинарите по рочиштето пред Специјалниот суд нивниот адвокат Дејан Лазаревиќ.
Тие се сослушани во рамките на новата истрага што беше започната минатата недела за ова седмо убиство, за кое се товарат заедно со уште тројца членови на нивната организирана криминална група, потврдија за Танјуг од обвинителството.
Истрага е покрената и против Никола Спасојевиќ, кој денеска не беше сослушан. Наредба за спроведување истражна постапка против нив е издадена на 01.02.2022 година за сторено кривично дело тешко убиство, соопшти обвинителството.
Горан Михајловиќ до неодамна беше воден како исчезнат, од април 2019 година. Во моментот на исчезнувањето имал помалку од 22 години.
Беливук и другите веќе се обвинети за пет убиства, Александар Глигоријевиќ Пуки, Горан Величковиќ Гокси, Лазар Вукичевиќ, Здравко Радојевиќ и Милан Љепоја.
Шестото убиство на Никола Митиќ е под истрага од октомври, а на оваа листа сега е додадено и убиството на Михајловиќ.