Германија Франција, Австрија, Белгија, Данска и Шведска бараат  продолжување на граничната контрола од средината на мај .

4791871

Германија, Франција, Австрија, Белгија, Данска и Шведска се  за продолжување од средината на мај на граничната контрола во рамките на Шенген, јави  “Велт”. Шесте земји бараат граничните контроли да биде продолжен најмалку за уште шест месеци, бидејќи тоа требало да овозможи подобро да се контролира протокот на мигранти. Предлогот, прецизира “Велт”, е испратено до првиот заменик-претседател на Еврокомисијата Франц Тимерманс и до комесарот за внатрешни работи и прашањата на миграцијата Димитрис Аврамопулос. Шесте земји инсистираат предлогот да биде поднесен во Европскиот совет и тој да им дозволи на земјите-членки на ЕУ по потреба да продолжат или да воведуваат контрола на внатрешните граници на Шенген зоната од 13 мај. Европската комисија може да одобри воведување на оваа мерка следната недела.

Слични содржини