39
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека САД понудиле „многу експлицитен предлог“ на Русија и Украина на патот кон мировен договор и посочи дека „време е или да се каже „да“ или САД да се повлечат од процесот“, објави денеска Блумберг.
„Мислам дека новите линии на конфликт ќе бидат повлечени таму каде што се сега, или во непосредна близина“, рече Венс за време на обраќањето пред новинарите во Индија, по завршувањето на обиколката на Таџ Махал.
Тој додаде дека тоа значи дека и Украина и Русија ќе мора да се откажат од некои од териториите кои моментално се под контрола на една од страните.