Вергара морала да оди на часови по глума: „Моите улоги се ограничени“

од Radmila Tasevska
238 прегледи

Софија Вергара моментално ја игра најдраматичната улога во нејзината актерска кариера досега, а тоа е озлогласената колумбиска „кума на кокаин“ Гризелда Бланко, која ја толкува во најновата серија на Нетфликс „Гризелда“.

Серијата е всушност ретка можност Вергара да ги покаже своите сериозни актерски способности, бидејќи нејзината кариера претежно се заснова на комични проекти, од улогата на Глорија Причет во хит-серијата „Modern Family“ до филмови како „Hot Pursuit“ од 2015 година, со Рис Витерспун.

„Секогаш барам ликови бидејќи не можам многу да направам со овој глупав акцент“, неодамна призна Вергара за Лос Анџелес Тајмс, исмевајќи се себеси.

„Не можам да играм научник или да бидам во „Шиндлеровата листа“. Моите улоги се некако ограничени“, истакнува Вергара.

Како што пишува Variety, 51-годишната Колумбијка знаела дека Гризелда е редок пример за „сериозен лик во кој може да си ги потоне забите“. Но, за да стане немилосрдната Гризелда Бланко, таа мораше да научи познати актерски техники кои многу се разликуваа од нејзината работа на претходните проекти. За оваа прилика Вергара најмила учителка по глума, Ненси Бенкс, која има работено со Маргот Роби, Џенифер Анистон и други.

„Беше тешко бидејќи немам вистинска обука за глума. Бев во брак со Џо Манганиело, кој е класично обучен актер. Ќе го гледав како се подготвува. Секогаш се прашував дали можам да го направам тоа“, открила таа.

За време на часовите по глума кај искусната Бенкс, таа би барала од Вергара да размислува за нејзиниот лик на нови начини, па, како што истакнала за Тајмс, морала да се запраша „што му треба на ликот од другиот лик, за што сонува. и што ме тера да се смеам?“

„Ноќта пред да почнам да ја снимам серијата, седнав во дневната соба и си помислив „зошто морам да го направам ова?“ Преку Гризелда почувствував нешто како гнев кон начинот на кој бев воспитана, каде што од која доаѓам и која сум јас“, додаде таа.

Понатаму, таа тврди дека „ги познавала овие луѓе во серијата“, мислејќи на архетипите на ликовите затоа што нејзиниот брат завршил „да се занимава со таа работа“.

„Ја разбирам Бланко затоа што сите оние луѓе кои направиле лоши работи не се секогаш нужно лоши. Тие мислат дека ја прават вистинската работа за луѓето. Апсурдно е, да, затоа што прават страшни работи, но јас сум запознаена со тој менталитет.“, истакна таа.

Серијата „Гризелда“ ја продуцираше истата екипа зад „Narcos“, а шесте епизоди во режија на Андрес Баиз го откриваат нејзиниот подем во 70-тите и 80-тите години на минатиот век во Мајами, каде што изградила еден од најмоќните картели за кокаин на целиот свет.

Слични содржини