Весна Петрушевска: Васил ќе отслужи казна и пак ќе биде бандит, а Фросина нема да се смее повеќе

од VIktor_P
748 прегледи

Македонската актерка Весна Петрушевска Бејби со емотивна и жестока реакција за трагичната смрт на младата Фросина на „Партизанска“.

Нејзиниот статус на Фејсбук ви го пренесуваме во целост:

– Тоа што и се случи на Фросина не е инцидент, ова е повторување на дело без никакви последици за оној кој убива. Тој “оној” е слика на врсничкито насилство, дилер на амфитамини кој бил пуштен од системот, напуштен одамна од грижата на родителите, бесрамник и збеснат. Замислете на пешачки премин уредно врви Фросина која имала голем сон, да биде уметник, моден дизајнер, да остави трага во својот живот. Наспроти ова чудовиште кое летало по Партизанска и јас сум сигурна дека не му било сефте. Фросина е наша грешка, ние кои треба да се бориме жестоко и да бараме одговорност. Јас изодев трнлив и мачен пат, уште го одам, но кога зборувам гласно за насилство мислам на ваквите како Васил (има име и презиме и слики најверојатно). Насилникот се создава, пред него се правеле наудрени, замижувале….

Тој ќе отслужи казна и пак ќе биде полусвет и бандит. Фросина нема да биде дел од светот кој го сонувала. Таа нема да се насмее повеќе, ниту да се бори против неправдите. Фросина е нашиот завет! Слава ти и почивај во мир!

Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби животот на булеварот „Партизански одреди“. 22-годишната млада девојка, инаку модна дизајнерка, беше прегазена на пешачки премин, кај „Силбо“ од 20-годишниот возач Васил Jованов.

Слични содржини