Ви израелските напади на Газа изутринава загинале 26 Палестинци

од Milan1
8 прегледи

Бројот на загинати Палестинци во Појасот Газа во израелските напади од утринава се зголеми на 26, а десетици луѓе се повредени, јави Ал Џезира. Од 26 загинати, 18 од нив се убиени во бегалскиот камп Џабалија на северот на Појасот Газа, каде израелската армија врши интензивни копнени и воздушни напади. Според локални извори, израелската артилерија ги гаѓала и областите Шабур, Кирбет ал Адас и Урајба во централниот и северниот дел на Рафах, јави палестинската новинска агенција ВАФА.

Извештаите покажуваат дека израелско беспилотно летало погодило и шатор западно од градот Кан Јунис, во кој биле сместени раселени лица, при што загинале и биле повредени неколку лица.

Израелски воени авиони ја бомбардираа околината на училиштето на УНРВА во Крајзем, каде се сместени раселените лица, како и населбата Абу Рашид во бегалскиот камп Џабалија, во моментот кога учениците се враќале од училиште, при што загинаа седум, а десетина други луѓе беа повредени.

Слични содржини