33
Бродот „Принцот од Задар“ вечерва се насука во близина на хрватскиот остров Премуда. Како што пренесуваат хрватските медиуми, бродот удрил во гребен пред островот, кој е прва станица на неговата рута.
Се додава дека во бродот има околу 50 патници. Набрзо на помош пристигнале и бројни мештани кои ги префрлиле патниците кои чекале со елеци за спасување во приватни чамци.