Еден ден по апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, албанскиот премиер Еди Рама во вторникот во директен пренос на социјалните мрежи одговараше на прашања на граѓаните.
Во еден момент се појавија проблеми со преносот, што видно го изнервира. Прво се фати за глава, а потоа фрустрирано удри по масата. Потоа ја покри камерата и почна да пцуе на англиски. Преносот потоа заврши.
Видеото набрзо стана вирално, а самиот Рама го објави на своите социјални мрежи. „Многу ми е драго што тој момент остана на Инстаграм бидејќи тоа е момент што ги дели оние што се тука со душата, срцето, оние што се тука како оние тренери на белата линија кои го бодрат тимот, кои се борат за тимот, кои удираат со главите со тупаници кога тимот не постигнува гол“, рече Рама.
„Тие ја извадија секирата за да им кажат на Албанците – „Видете, ова е опасно, не гласајте за ова“, но Албанците ви го дадоа одговорот. Кој не се лути на телефонот, но ова не е за телефонот, тука е страста за Албанија, за правдата, за демократијата и за Европа во Албанија“, додаде премиерот.