На социјалните мрежи беа објавени видеа од снежната бура која затрупа сѐ, а едно допре до срцата на милиони ширум светот. На него е прикажана постара двојка која се изгубила во снежна бура додека се враќале дома.
Одделот за вонредни ситуации известува дека Натија (70) и Мустафа Акин (70) се враќале во својот дом кога ја изгубиле ориентацијата поради „неповолни временски услови и снежни врнежи“, пренесува Фокс 8.
Спасувачите ги пронашле свиткани и покриени со снег под дрво, но живи. Брачната двојка се спаси гушкајќи ги јагнињата и чувајќи што повеќе топлина. Помогнало и ќебето што го имале со себе.
Надлежните откриваат дека Натија и Мустафа се предадени на лекарите, но не се соопштуваат детали за нивната здравствена состојба. Исто така, не е познато колку долго биле заробени во снежното невреме.