Главниот град на Либан, Бејрут беше потресен од експлозии синоќа веднаш откако Израел се закани со „непосредни напади“ на локации поврзани со финансирањето на Хезболах. Израелските одбранбени сили (ИД) синоќа соопштија дека планираат да нападнат голем број локации. Повеќето од нападите беа насочени кон филијали на Ал-Кард Ал-Хасан, банка без лиценца која се смета за еден од главните извори на пари за Хезболах.
Експлозиите најпрво се слушнале во јужниот дел на главниот град и долината Бека, но висок израелски разузнавач нагласи дека цели биле погодени низ целиот Либан. Еден од нападите беше извршен во близина на меѓународниот аеродром Рафик Ал Харири.
Се појавија снимки на кои се гледа уривање на зграда погодена од Израелците. Споменатата зграда беше прогласена за мета само неколку часа претходно. Портпаролот на ИД Даниел Хагари ги предупреди цивилите:
„Секој што е во близина на места кои се користат за финансирање на терористичките активности на Хезболах мора веднаш да си замине“.
Вечерашниот напад се случи откако Израелците вчера објавија дека ја нападнале разузнавачката служба на Хезболах во Бејрут.