(видео) Берлин ја обвинува „руската информативна војна“ за протечениот контроверзен разговор

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го нарече протекувањето на коментарите од сопствените офицери „дезинформација“

од Бети Божиноска

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус се обиде да ја избегне контроверзноста околу аудио-снимката на високи офицери на Бундесверот кои разговараат за моен напад на Кримскиот мост, тврдејќи деа протекувањето на снимката е резултат на „информативната војна“ на Русија против Западот.

На прес-конференцијата во неделата во Берлин, Писториус се фокусираше на изворот на протекувањето наместо на суштината на разговорот, префрлиајќи ја вината за скандалот на рускиот претседател Владимир Путин.

„Ова е дел од информативната војна што ја води Путин. Тука нема никаков сомнеж. Ова е хибриден напад чија цел е дезинформација,“ нагласи тој, додавајќи дека скандалот има за цел и да создаде поделба во Германија околу руско-украинскиот конфликт.

Берлин е еден од најголемите странски поддржувачи на Киев иако канцеларот Олаф Шолц се двоуми околу испраќањето „тауруси“ во Украина поради загриженоста дека тоа би моело да предизвика директен конфликт меу Германија и Русија.

Шолц вети целосна истрага околу протекувањето, кое е протолкувано како голем срам за Берлин и пропагандна победна на Москва што укажува на ранливоста на Германија на руско шпионирање.

Тој ја потврдила автентичноста на разговорите, но не исклучи дека снимката е монтирана.

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и ппранешен руски претседател, Дмитриј Медведев, предупреди во неделата дека протечениот разговор, потврдува оти Германија се подготвува за војна со Русија и дека таквиот конфликт би бил испровоциран спротивно на цивилната власт во земјата.

„Историјата познава многу примери во кои војската можела да одлучува за поттикнување или почнување војни во име на своите цивилните лидери дури и ако тие не биле свесни за такво нешто,“ посочи Медведев.

Слични содржини