Седум од смртните случаи се од градот Нага, 262 километри јужно од главниот град Манила, пет смртни случаи се регистрирани во провинцијата Катандуанес, четири во провинцијата Албај, по еден во провинциите Камаринс Сур, Камарин Норте, Масбате и Сорсогон, рече Дисон. Возрасен и едногодишно и осуммесечно бебе се удавија во поплави во провинцијата Кезон, соопшти полицијата. Властите ја прекинаа струјата на повеќе од 7 милиони луѓе во погодените области за да избегнат несреќи по поплавите.
Владините канцеларии и училиштата остануваат затворени во четвртокот бидејќи Трами донесе обилни дождови во текот на ноќта. Во регионот Бикол, водата стигна до покривите во погодените области, вклучително и провинцијата Албај и градот Нага, кој беше најтешко погоден од Трами. Во Нага надојдената вода ги однела автомобилите и ги натрупала еден врз друг и превртел комбиња по улиците. Некои жители останаа на покривите две ноќи, откако екипите за итни случаи не можеа да дојдат до нив.
„Имавме рекордни дождови во рок од 24 часа“, изјави гувернерката на провинцијата Албај, Гленда Онг Бонгао за радио станица во Манила. „Двамесечен дожд падна за само 24 часа“. И додаде: „Дури и центрите за евакуација мораа да бидат евакуирани во одреден момент поради поплавите“.
Во градот Гинобатан во провинцијата Албај, поројните дождови од вулканот Мајон предизвикаа лизгање на кал што затрупа возила и куќи. Рано утринава бурата ослабе откако падна на копно над провинцијата Изабела, 334 километри северно од Манила, соопшти метеоролошката служба. Трами имаше постојани ветрови од 95 км/ч и налети до 160 км/ч, соопшти метеоролошката служба. Бурата може малку да ослабне додека го преминува северниот дел на Лузон и се очекува да се повлече од Филипините утре попладне.