226
Два авиона од француската аеробатска група „Patrouille de France“ се урнаа за време на пробни летови и акробации, соопшти француското воено воздухопловство.
Тројцата пилоти од два авиони „Алфа“ успеале да се катапултираат и биле пронајдени живи и свесни. Несреќата се случила за време на вежба во близина на воздухопловната база 113 во Сен Дизие.