(ВИДЕО) Двократен светски шампион во борење уапсен на протестите во Грузија

од Milan1
37 прегледи

Поранешниот натурализиран српски репрезентативец во борење, Зураб Датунашвили, бил уапсен во Тбилиси откако учествувал во анти-владините протести кои со денови траат во главниот град на Грузија.

Борачот влегол во физичка пресметка со полицијата, по што бил приведен и задржан во притворско одделение, од каде ќе биде пренесен пред истражен судија. Датунашвили е посочен како еден од лидерите на протестите кои на моменти комплетно излегоа од контрола и резултираа со десетици повредени граѓани и припадници на безбедносните служби.

Родениот Грузиец е двократен светски и трикратен европски шампион во борење, а на Србија ѝ го донесе бронзениот медал од Олимписките игри во Токио.

 

Слични содржини