13
Тројца луѓе загинаа, а седуммина се повредени во експлозија во фабрика кај крајбрежниот шпански град Аликанте, соопштија спасувачките служби.
„Три лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика“, објави попладнево на мрежата X спасувачката служба на регионот Валенсија, каде што се наоѓа Аликанте.
Директорот на итната служба на регионот на Валенсија, Алберто Мартин, за јавната телевизија ТВЕ изјави дека експлодирал котел во фабриката.
Според пожарникарите, од силината на експлозијата, се урнала половина од објектот.
Премиерот Педро Санчез изрази сочувство од шпанската влада на жртвите во несреќата, и поддршка за пожарникарите и спасувачите.