(ВИДЕО) Фонтана од загадена вода „еруптираше“ среде Москва

од Milan1
42 прегледи

„Канализациска фонатана“ еруптираше неколку минути, фрлајќи очигледно загадена вода врз згради, возила и врз јавни места. Се чини дека сè се случило во близина на фреквентна раскрсница и стигнало до 17-тиот кат од соседната висококатница, а водата достигнала висина, повисока и од еден кран во близина, пренесува „Њузвик“.

Станбените згради и оние кои сѐ уште се градат се преплавени со отпад во областа Нова Москва во Москва.

Видеото беше споделено на интернет од неколку луѓе, меѓу кои и поранешниот советник на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, кој редовно известува за настани поврзани со руската војна во Украина и за настаните во Русија, а кој сподели три видео клипови од инцидентот на социјалната мрежа „Икс“.

„Московските Телеграм канали известуваат дека дошло до дефект во канализациониот систем во Москва. Во една од областите на Москва може да се види „фонтана“ во висина на станбена зграда“, рече Герашченко. „Сра*е шоу, буквално“, прокоментирал тој покрај видеото.

Неуспешниот руски енергетски гигант Гаспром во соопштението наведе дека инцидентот се случил поради рутинска процедура за чистење, односно дезинсекција (општо, производство на чад или пареа за борба против инфекции и штетници, оп.а.). На овој начин е исчистен нов дел од гасоводот, а претставниците на руската корпорација изјавиле дека ситуацијата е под контрола, го пренесува „Мирор“ соопштението на Гаспром.

Локалните власти работат на санирање на штетите и намалување на здравствените ризици за жителите од погодената област. Се очекува екипите за чистење и еколошките агенции да останат на терен до целосно нормализирање на ситуацијата.

Слични содржини