(ВИДЕО+ФОТО) Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути

од Илинка Илиоска
12 прегледи

Кина го лансираше вселенското летало Шенжу-19 со тројца астронаути, јавува Анадолија.

Леталото беше лансирано со помош на ракета Long March-2F од центарот за лансирање на сателити Jiuquan во Внатрешна Монголија, провинцијата Гансу.

Во леталото се астронаутите Каи Ксуже (48) и Сонг Лингдонг (34) и астронаутот Ванг Хаозе (34). Каи е командант на мисијата.

Членовите на екипажот Шенжу-19 ќе ја преземат контролата над вселенските операции од леталото Шенжу-18, кое се подготвува да се врати дома по шестмесечно истражување во вселената.

Пекинг го лансираше екипажот Шенжу-18 на крајот на април и се очекува да се врати на 4 ноември во центарот во Донгфенг.

Слични содржини