(ВИДЕО) Ѓилас: Неопходна е итна хоспитализација на Александар Вучиќ

од Milan1
327 прегледи

Претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас, денеска изјави дека драстичниот пад на поддршката за Александар Вучиќ и Српската напредна партија е резултат на тоа што луѓето се ослободиле, покажуваат што мислат и излегуваат на улица.

Тоа што Вучиќ кажа дека самиот решил да влезе во Клиничкиот центар, дека Обвинителството бара кој ги паркирал тракторите, а тој самиот ги паркирал тракторите, покажува дека тој е човек на кој му е потребна итна хоспитализација“, рече Ѓилас во емисијата „Меѓу Нама“ на телевизија „Нова С“.

Тој предупреди дека последиците, пред се за новинарите на „Јунајтед Медиа“, може да бидат катастрофални, бидејќи луѓето кои извикуваа погрдни зборови кон новинарите на „Н1“ навистина веруваат во тоа што хо зборуваат.

„Тие навистина мислат дека луѓето што работат на овие медиуми се „предавници“, дека се „усташи“, дека работат против својата земја. Тие навистина мислат дека студентите се „терористи“, затоа што така ги нарекува Вучиќ, дека сакаат да ја урнат Србија, како што тој зборува за нив, но и за целиот овој народ, затоа што ние во Србија, всушност, со месеци имаме бунт под водство на студентите“, изјави тој.

 

Слични содржини