(ВИДЕО) Грчката полиција започна борба со турската мафија

од Milan1
32 прегледи

Осум лица се уапсени и осум се приведени, а пронајдени се 49 парчиња оружје во акција на грчката полиција против турската мафија во Атина и Солун, објави „Катимерини“. Акцијата ја спроведува Управата за борба против организиран криминал.

Последниот случај на расчистување сметки меѓу членови на турската мафија беше во понеделникот кога во атинска населба околу 10 часот наутро беа убиени две лица, Турци со курдско потекло, а едно беше повредено, додека уапсени беа две лица. Инцидентите ја вознемирија грчката јавност.

Слични содржини