Авион на американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ вчера предфизвикал инцидент откако му отпаднала една гума полетување од аеродромот во Сан Франциско, поради што авионот, кој летал за Јапонија, морало да биде пренасочен кон Лос Анџелес, пренесува „Еј-би-си њуз“.
Во авионот имало 235 патници, десет членови на екипажот во кабината и четворица пилоти.
Гумата била една од 12-те на двете главни носачи на опремата за слетување на „боингот 777-200“ но од авиокомпанијата велат дека авионот е дизајниран да слета безбедно дури и ако му падне гума, или ако се оштети.
„Авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес,“ соопшти подоцна Федералната управа за авијација на САД.
NOW – United Airlines Boeing 777 lost a tire during takeoff from San Francisco International Airport.pic.twitter.com/Ovk3jiEWjM
— Disclose.tv (@disclosetv) March 7, 2024
На видеото се гледа како авионот полетува, а веднаш по полетувањето му паѓа една гума која паѓа врз автомобил паркиран до пистата. Во инцидентот, за среќа, нема повредени, но задниот дел од автомобилот бил смачкан, а уништена била и жичената ограда до автомобилот.
„Благодарни сме им на нашите пилоти и на кабинскиот екипаж за професионализмот што го покажаа во дадената ситуација. Благодарни сме им и на нашите тимови на теренот кои чекаа со тегнач да го одвлечат авионот откако тој слета. Им благодариме и на нашите тимови на аеродромот кои им помогнаа на патниците“, се вели во изјавата на „Јунајтед ерлајнс“.
Авиокомпанијата соопшти дека ќе има ја надомести предизвиканата штета на сопствениците на оштетените автомобили.
Авио-индустријата во САД во последните месеци се справуваше со серија инциденти поврзани со неисправни авиони, кои предизвикаа дебата за безбедноста во тој вид транспорт.
Претходно годинава, лет на „Алјаска ерлајнс“ на линијата од Портланд, Орегон, до Калифорнија мораше да се врати назад набргу по полетувањето кога му се откина големо парче од трупот, изложувајќи ја патничката кабина на надворешната средина. Тој инцидент доведе до приземјување на десетици авиони „боинг“.