Воздухопловните сили на иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ) денеска го открија она што државната телевизија го нарече подземен ракетен град.
Ракетната база била откриена од командантот на ИРГЦ Хосеин Салами и началникот на воздушниот сектор Амир-Али Хаџизаде, објави новинската агенција Тасним, поврзана со ИРГЦ.
Според извештајот на Тасним, базата била користена во иранските ракетни напади врз Израел во операциите на Исламската Република наречени „Вистинско ветување 1“ и „Вистинско ветување 2“ во април и октомври 2024 година.
„Вулканот што лежи под овие планини може да еруптира во накус можен рок“, се вели во извештајот на државната телевизија.
Претходно истиот ден, Салами рече дека Иран поседува повеќе проектили отколку што може да складира, отфрлајќи ја, како што ја нарече, непријателската пропаганда за слабеење на иранските вооружени сили по повторените израелски напади врз Иран и неговите сојузници.