Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз католичка црква во североисточниот дел на Демократска Република Конго во кој загинаа 38 лица во неделата. Исламска држава ја презеде одговорноста во соопштение на својот Телеграм канал.
Градските власти изјавија дека бунтовниците поддржани од Исламска држава се одговорни за убиството на 38 лица во неделата во нападот врз црква во Команда, додавајќи дека верниците присуствувале на ноќна миса и дека бунтовниците ја нападнале црквата рано наутро во недела. Во нападот беа запалени и неколку куќи и продавници, а според неименуван извор од локалната полиција, потрагата по напаѓачите е во тек, пренесува Танјуг.