43
Обилните дождови во италијанскиот регион Тоскана поплавија делови од Фиренца и властите издадоа предупредување до жителите да внимаваат според италијанската новинска агенција Анса.
Неколку трамвајски линии не работеле и патот помеѓу Фиренца и Пиза бил поплавен, а властите ги повикале луѓето да не патуваат.
„Бидете внимателни кога возите и патувате. Неочекувани временски катастрофи ја погодија Фиренца, но ситуацијата е под контрола и се подобрува”, напиша градоначалникот на Фиренца Сара Фунаро на социјалната мрежа X.