Со помош на специјално направени капсули денска беа извлечени четворица преживеани рудари, откако 36 дена ги поминаа под земја. Рударите беа затрупани кога рудникот се урна на 25 декември. Спасувачите откриле први знаци на живот на 30 декември.

download (40)

Тие се извлечени на сигурно од рудникот за гипс во провинцијата Шандонг на истокот на Кина, јави Би-Би-Си.

Во  деликатната мисија учествуваа над 400 спасувачи и работници на итна помош, кои неколку недели копаа тунел до преживеаните рудари, а  преку тесна дупка им пропуштаавода и течност

Кинеската телевизија ЦЦТВ емитуваше драматични снимки од првиот рудар кој излезе на површината на земјата, по што е одвезен во болница.

https://youtu.be/yaJpU97oSkc

Слични содржини