13
Шигеру Ишиба, претседателот на јапонската владејачка Либерално-демократска партија, денеска беше снимен како дреме во долниот дом на Јапонскиот парламент, и тоа за време на седницата посветена на гласањето доверба на неговата влада, јавија медиумите.
Претходно, за време на резимето, Ишиба се заложи да ги продолжи реформите и да се воведат построги казни за злоупотребите од страна на функционери.
Набргу по кусата дремка, пратениците со мнозинство од гласовите одлучија Ишиба да остане премиер, но неговата влада ќе се соочи со големи предизвици за да опстане понатаму, предвидуваат експертите.