(ВИДЕО) „Јоце Панов за дамите“, ексклузивен солистички концерт на 8-ми март во Филхармонија

од Milan1
30 прегледи

Јоце Панов, миленикот на женската публика,  кој моментално важи за еден од  најбараните машки вокали на нашата сцена, подготвува голем солистички концерт на 8 март во Македонска Филхармонија.

„По повод 25 години кариера одлучив да и се оддолжам на мојата публика, на сите оние кои ме поддржуваат и повеќе од две децении се присутни на моите настапи. Во секоја песна оставам дел од својата душа. Љубовта која ја добивам од мојата публика е мојот извор на енергија и мотивација за секој следен проект”, изјави Јоце Панов

Од Пр-тимот велат дека интензивно се работи на подготовките за концертот, кој е закажан на 8-ми март во објектот на Македонска филхармонија со почеток во 20 часот. Ексклузивна сцена, голем оркестар, рози и многу изненадувања ќе бидат дел од оваа вечер на емоција на љубов, како што се вели и во самата најава за овој  настан.

Слични содржини