(ВИДЕО) Јужнокорејскиот претседател рече дека ќе стави крај на воената состојба

од Milan1
15 прегледи

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јeол денеска изјави дека ќе стави крај на воената состојба откако парламентот на земјата гласаше за нејзино укинување.

Политичката партија на Јун го повика да се откаже од воената состојба во Јужна Кореја, објави Си-Ен-Ен. Консензус против воведувањето воена состојба беше постигнат за време на состанокот на Партијата Mоќта на народот на Јун, одржан набргу откако пратениците во Националното собрание гласаа за блокирање на потегот.

На пленарната седница на јужнокорејскиот парламент денеска е усвоена Резолуција со која се бара укинување на воената состојба, јави јужнокорејската агенција „Јонхап“. Резолуцијата со која се бара укинување на воената состојба во таа земја е донесена со 190 гласови „за“ од присутните 190 пратеници.

Претседателот на Националното собрание Ву Вон-сик рече дека според резолуцијата, јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јеол мора веднаш да ја укине воената состојба.

„Прогласувањето за воена состојба сега е неважечко. Се надевам дека луѓето ќе се чувствуваат опуштено. Националното собрание ќе работи со народот за да ја заштити демократијата“, рече Ву.

Претседателот претходно денеска прогласи воена состојба „за да се искорени про-севернокорејските сили и да се заштити слободниот уставен поредок“.

Според Уставот на Јужна Кореја, „кога Националното собрание бара укинување на воената состојба со согласност на мнозинството од регистрираните пратеници, претседателот ја укинува“, пренесува Танјуг.

Слични содржини