(ВИДЕО) Кит проголта човек и набргу го исплука жив

од Milan1
87 прегледи

Кит проголта кајакар на неколку секунди, за кратко време подоцна да го исплука неповреден. Инцидентот, кој е снимен на видео, брзо стана вирален.

Адријан Симанкас возел кајак со својот татко Дел, во заливот Баија Ел Аигила, во областа Магелански Теснец. Таму на површината на морето ненадејно се појавил кит кој неколку секунди ги голтал Адријан и неговиот жолт кајак, пред да го „исплука“ жив.

Дел, кој бил на само неколку метри, ја снимил сцената на камера и се обидел да го смири својот син.

„Смири се, смири се“, се слуша како вели тој на видеото, додека Адријан се ослободува од устата на китот.

„Мислев дека умрев “, изјави Адријан за Асошиетед прес. „Мислев дека ме изеде, дека ме проголта“, рече тој, опишувајќи го теророт што го доживеал во тие секунди, објаснувајќи дека вистинскиот страв дошол по излегувањето на површина, кога се плашел дека огромниот кит ќе му наштети на неговиот татко.

И покрај застрашувачкото искуство, Дел остана фокусиран, го документира инцидентот и го уверуваше својот син, додека исто така се обидуваше да се справи со сопствената вознемиреност.

„Кога излегов на површина и почнав да лебдам, се плашев дека нешто ќе му се случи на татко ми, дека нема да стигнеме до брегот навреме или дека ќе добијам хипотермија“, рече Адријан.

По неколку секунди во водата, Адријан успеал да стигне до кајакот на својот татко. И покрај прекинот, двајцата се вратиле на брегот без никакви повреди.

Слични содржини