(ВИДЕО) Леонардо ди Каприо „се скраси“ и го посвети Оскарот на Планетата Земја

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Леонардо ди Каприо растрепери милион женска срца со улогата во романтичниот младич во”Титаник”, воодушевени со арогантното однесување во “Волкот од Волстрит” и ја освои публиката со реинкарнацијата во ликот на легендарниот претприемач, пилот, авиоинженер, режисер и продуцент Хауард Хјуз во ” Авијатичарот “.da387bb35b19ea0d2909f7e2634fb662

За да се наоѓа во најдобра позиција за освојување на долгоочекуваниот “Оскар” беа потребни седум месеци снимања во исклучително тешки услови. Со улога во која речиси не прозборува, Ди Каприо конечно го освои посакуваното одличје, пренесе Ројтерс.

По шест номинации, од кои пет актерски и една како продуцент во 25-годишната кариера, 41-годишниот Леонардо ди Каприо веќе е носител на “Оскар”.

Во заблагодарувачкиот говор Ди Каприо не пропушти да настапи и како еколог, споделувајќи дека луѓето не треба да ја прифатат планетата за готово.

(ГАЛЕРИЈА) Црвениот тепих на „Оскари“ 2016

Во драмата “Повратникот” актерот го игра ликот на трапер Хју Глас. Дејството во лентата, во режија на Алехандро Гонзалес Ињариту, се развива во текот на 1822 година.

Херојот на Ди Каприо е напуштен да умре меѓу пустошот откако е нападнат од гризли. Сепак тој преживува, борејќи се со исклучително тешки услови, и го планира своето враќање и одмазда.

Улогата во “Враќањето” веќе донесе голем број признанија во наградната сезона на Леонардо ди Каприо, меѓу кои “Златен глобус”, БАФТА и наградата на американскиот еснаф на филмските актери.

Ди Каприо, познат по своите многубројни врски со топмодели и сè уште како ерген, стекна зрелост и стана еден најпочитуваните актери, како и поддржувач на голем број каузи за заштита на животната средина.1997

“Холивуд веќе го прифаќа фактот дека Лео созреа и се ” скроти “од турбулентните денови на непослушен ерген”, изјави Том О’Нил, основач и главен уредник на сајтот Голддерби кој прави проекции за водечките награди во шоубизнисот.

Леонардо ди Каприо добива прва номинација за “Оскар” уште како тинејџер – за најдобар актер во споредна улога, со перформансот во “Зошто тагува Гилберт Грејп”.

Романтичните реинкарнации во “Ромео и Јулија” и “Титаник”, кои ги возбудија сите женска срца, се игнорирани од Академијата за филмски уметности и наука.

Требаа да поминат 10 години пред Леонардо ди Каприо повторно да навлезе во видното поле на граѓаните со право на глас за “Оскар” и во 2005 да добие номинација за најдобар актер за неговата улога во “Авијатичарот”.

Кои се победниците во битката за наградите “Оскар”

Следат номинации за главните улоги во “Крвав дијамант” (2007) и “Волкот од Волстрит” (2014), како и номинација како продуцент на “Волкот од Волстрит”, натпреварувач за наградата за најдобар филм. При сите овие случаи Ди Каприо не успеа да ја однесе дома најпрестижната награда во светот на филмот.

Сега, сепак, со неговата улога во “Повратникот”, “Оскар” -от е веќе дел од колекцијата на Леонардо ди Каприо.

Со улога во “Повратникот” Леонардо ди Каприо ги надвладеа за долгоочекуваниот прв “Оскар” во кариерата  Брајан Кранстон за “Трамбо”, Мет Дејмон за “Марсианецот”, Мајкл Фасбендер за “Стив Џобс” и Еди Редмејн за “Девојката од Данска “.